хомосексуалноста и филмот

28.06.2010 | Билјана

Хомосексуалноста сама по себе предизвикува бурни рекации,  негодувања, полемики и дилеми а овековечена на филм па тоа е фијаско. Многу луѓе не се чуствуваат пријатно да гледаат двајца мажи како се милуваат. Чуствуваат гадење,  непријатност, бес,  па дури и омраза. Но голем дел од истите тие немаат никаков проблем доколку гледаат две жени како го прават истото. За некои од нив самата помисла на две жени кои се милуваат, Read the rest of this entry »

Кога може Хрватска можеме и ние

21.06.2010 | Билјана

Под мотото „Хрватска тоа може да го проголта“ неколку стотици хомосексуалци завчера (19.06.10) ја одржаа геј-парадата која помина успешно не земајќи ги во предвид малите инциденти јавија хрватските медиуми. Геј-парадата ја обезбедуваа околу 2оо полицајци и 25 полициски возила а истовремено со оваа веќе традиционална манифестација, на централниот плоштад во Загреб се одржа анти-геј протестот организиран од десничарската хрватска чиста партија на правото. Но како што знаеме геј парада без насилни хулигани не е геј парада, за жал, така и сега имаше помали изолирани инциденти. Полицијата сепак успеа да приведе тројца напаѓачи кои ја нападнаа поворката. Од организацискиот одбор на парадата велат дека се собрале помеѓу 500 и 800 луѓе и досега тоа е најголема бројка. Јас викам браво само напред и давам целосна подршка а писмо со подршка им испратил и претседателот Иво Јосиповиќ како и масовна поршка од културната јавност а отворено ги подржа и актерот Раде Шербеџија.

Учесниците парадирале со црвени каранфили, кои како што велат ги фрлиле кон тие што биле полни со омраза. А јас знам дека такви ги имало многу. Е сега само би кажала дека ова е позитивен чекор и надеж дека нештата се подобруваат. И би им порачала на хомосексуалците во Македонија да не се плашат да излезат од сенка па кога може Хрватска можеме и ние.

Што мислите за хомосекуалноста денес?????

19.06.2010 | fallenangel

Факт е дека оние кои се смеетаат за хомосексуалци сеуште се соочуваат со бројни стереотипи и предрасуди. Ние мислиме дека сме многу современи а уствари не сме ни малку од тоа. Кај нас не постои свеста која што не поврзува сите како луѓе, ако си малку различен од другите, можеш слободно да си рачунаш дека ке бидеш мета на најголеми озборувања и дека нема да бидеш прифатен. Тоа е нашиот уназаден менталитет, резултат на малограѓанството кое за жал не опкружува.

А јас пак сум се нашла тука паметна да зборувам за легализација на истополовите бракови..ехеее ние сме предалеку од тоа којзнае и дали јас ќе доживеам да видам такво нешто. Само една работа не ми била и никогаш нема да ми биде јасна во врска со тоа како се прифатени хомосексуалците..не разбирам што им сметаат тие на овие кои се рачунаат за нормални. Па уште и да се надоврзам на Билјана за “не прашувај, не кажувај” , како е можно хомосексуалците да бидат отфрлани од војската, дали тие не се доволно способни како нашите силни мажишта кои први бегаат кога ќе им згусне? Еве сега нешто Обама ветува дека овој статус за исфрлање на хомосексуалците од војската ќе го промени па ајде да видиме што ќе направи. Секако, ние како Македонија сме многу далеку од ова, овде не дај боже да признаеш дека си хомосексуалец е тогаш си навистина готов.

Само малку сакам да ве поттикнам да размислите, дали е фер и праведно ова што се случува кај нас? Дали ако си хомосексуалец не си способен за било каква работа како и сите останати, дали неможеш да правиш нормален муабет, да имаш пријатели како и сите, да излегувате да исти места? Мислите ли ако имате било каков проблем и на хомосексуалец му се обратите за помош дека нека да ве сослуша и да ви помогне? Само сакам да ви укажам на природноста на овие луѓе и колку тие се исти со другите и нема потреба за нивно отфрлање.

Повеќе пати ми се случило да бидам во друштво на хомосексуалци а да е го знаам тоа, просто да се изненадам од нивната пријатност и љубезност, и од после да дознаам дека не кажуваат во јавност дека се хомосексуалци само за да не ги гледаат со поинакви очи…дали е ова праведно според вас? Според мене ова е за жалење, ајде малу свеснете се да промениме нешто на подобро во оваа наша држава..

Fallen angel

Ајде да зборуваме за животните

11.06.2010 | Билјана

Хомосексуалноста како појава се разгледувала во минатото се разгледува и денес и мислам дека уште многу  време ќе биде доста актуелна тема. Некои ќе ја осудуваат прозивајќи се на разни генетски болести или библијата или моралот. Некои ќе ја поддржуваат и разбираат без да судат и да деградираат. Но како и да е таа постоела и ќе постои. Но сега јас би сакала да зборувам за нешто друго. Би сакала да го споменам фактот дека хомесексуалноста постои и кај животните.

Зошто е тоа така?

Сигурна сум дека вие ќе изнајдете добри одговори на ова прашање.

Така  од  3.000 проучувани животински видови, хомосексуалноста е забележана кај 450 животински видови. Ќе наведам само некои од нив.

Бонобо шимпанзo

Важејќи за најблиски живи роднини на луѓето, бонобо шимпанзата немаат ни срам ни перде во потрагата по сексуално задоволство. Безмалку сите од овие мирољубиви мајмуни се бисексуални и често ги решаваат конфликтите според принципот „води љубов, а не војна“. Околу две третини од хомосексуалните активности се меѓу женки. Read the rest of this entry »

Ден против хомофобијата

17.05.2010 | Билјана

Само напред.

Мене навистина ми е драго што малку од малку се мрдаме од мртва точка па што зборот хомосексуалност како и хомофобија се малку повеќе  застапени во нашите традиционални медиуми. А посебно ми е драго што има доволно храбри луѓе кои што излегуваат и јавно говорат за своите убедувања.

Така денешниот ден хомосексуалците го прославија денот против хомофобијата и јас ке речам само напред. Мал чекор но многу битен.

Не ми се допаѓа само интерпретацијата од некои медиуми кои на целиот настан му дадоа поинакво светло. Така коментарите од стилот „хомосексуалците на оние што не размислуваат како нив им залепија етикети“ или „тие на денот што го прогласија за свој само се жалат“ ми се неумесни.

Па нормално дека ќе се жалат, луѓето се дискриминирани. И кога сите можни партии и здруженија и асоцијации се жалат кај нас, зошто својот револт да не си го искажат и тие.

А што се однесува до изјавата на Господинот Драган Павловиќ Латас

дека хомосексуалноста е најголема закана за семејните вредности, би му порачала само дека семејни вредности кај нас скоро и да не постојат. А тоа не е поради хомосексуалноста туку поради стилот на живеење кај нас, што вклучува се повеќе време на работа и се помалку време за семејството што иницира оддалечување, девијантни однесувања и посегнување кон пороци.

Затоа ќе кажам уште еднаш браво за иницијативата и време редно е да се покажеме како зрела и модерна европска држава, за каква што веруваме и дека сме.

Билјана.

Хомофобија

13.05.2010 | realperson

Хомофобијата (од грчкиот јазик. Homos, што значи  исти, еднакви и Фобос, што значи страв) претставува ирационален страв, омраза, предрасуди или дискриминација против лица со хомосексуална ориентација, а вклучувајќи ги и луѓето кои се така перципирани.

Институционална хомофобија- се однесува на бројот на начини на кои владата, работниот сектор, црквите и други институции и организации  вршат дискриминација врз основа на сексуална ориентација. За институционалната хомофобија често го користат името на Хетеросексизам.

Културна, колективна или социјална хомофобија е поврзана со општествените норми и стандарди кои убедуваат дека подобро е да се биде хетеросексуалец  и е повеќе морално отколку да се биде хомосексуалец. И  за културната  хомофобија се користи  терминот Хетеросексизам.

Хомофоб е името на личноста на секој пол, кои отворено изразува омраза кон луѓето од хомосексуалната ориентација.

Хетеросексизам – приод и став со кој се промовира хетеросексуалноста, како единствена легитимна форма на човековата сексуалност, и игнорирањето на постоењето на друга сексуална ориентација, го негира постоењето на лезбејки, геј мажи,  и бисексуални луѓе.

* Хомофобијата како збир на пристрасност првенствено е предизвикан од неинформираноста.

Како што е случај со сексизам и расизам, луѓето стануваат хомофобни според  активностите на општеството и културата која се води според предрасудите. Митовите за лезбејки, геј и бисексуалните луѓе продолжуваат да се пренесуваат во општеството, и покрај достапноста на точни информации. Многу возрасни луѓе продолжиле да веруваат во стереотипи кои се научени во детството, и некои религиозни и конзервативни организации промовираат дезинформации за човековата сексуалност. Достапноста на информации останува само на медиумите,  која често е со цел на профит, и која  пишува сензационално.

* Интерперсонална хомофобијата (малтретирање и индивидуалните дискриминација) може да се објасни со оглед на психолошките фактори во врска со предрасудите – латентно  за хомосексуални и бисексуални луѓе.

Луѓето што не се сигурни со својата сексуалност, или кои се чувствуваат загрозени од хомоскесуалците и бисексуалците се стремат кон ригидност на тоа која сексуалност е  “исправна” и можат да се обидат  насилно да реагираат на хомосексуални и / или бисексуални лица или да се стремат кон нивните убедувања, повикувајќи се на исто време на “нормалност” или религија.

Па добро на хомосексуалците и не им е така лошо

12.05.2010 | Билјана

На прашањето, дали сакате Македонија да влезе како полноправна членка во Европската унија?  како од пушка ќе кажете ДА. Верувам дека е така тргнувајќи од себе па понатака. Но искрено мислам дека не сме созреани доволно како држава пред се а и како народ нормално. Ние ја сакаме Европа ама сакаме и што ни одговара да прифаќаме а што ни е малку „солено“ ааааааа не почекајте малку. Па кој е Ерван Фуере па кој е Штефан Филе ма каква Европска комисија ние си знаеме подобро. Да објаснам за што станува збор.

Закон за антидискриминација. Ви звучи познато?

Значи минатиот месец по првичното одбивање на законот поднесен од страна на  опозицијата, по мало убедување владеачката партија реши да го изгласа владиниот предлог закон но со „мали измени“. Овие мали измени се однесуваат експлицитно на сексуалната ориентација како основ за дискриминација која не е вклучена во нацрт законот а што е безсмислено затоа што многу добро знаеме дека најдискриминирана група во Р. Македонија е токму хомосексуалната.

Значи ли тоа дека владата на Р.М ја претвора државата во хомофобична или наивно верува дека кај нас на хомосексуалците и не им е така лошо?

Општо земено законот не ги задоволува европските директиви каде што сексуалната ориентација е една од шесте клучни приоритетни основи за дискриминација меѓутоа жртви на овој закон нема да бидат само хомосексуалците затоа законот како што гледаме се користи како инструмент за поттикнување на дискриминација и хомофобија, наместо да биде тој инструмент кој што ќе спречи дискриминација и хомофобија. За жал жртви на овој закон не се само хомосексуалците и сексуалните малцинства, жртви се сите други маргинализирани групи кои што практично маргинализирани во самата дебата на законот.

Нормално следуваа остри критики од европските институции од меѓународните организации како и од дипломатијата овде во Македонија.

v     Европската комисија  кој преку официјален став се изјасни:

“Комисијата смета дека за да се исполнат барањата на ЕК, неодамна изгласаниот закон за антидикриминација ќе мора да се менува со цел вклучување на забраната за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација“Штефан Филе.

Тој исто така нагласи и дека сите земји членки го имаат усвоено законот по европски директиви нормално вклучувајќи ја и сексуалната ориентација како основ за дискримнинација. И објасни дека овој закон не се однесува на законот за семејства.

v     Потоа  НАТО  упатува остри критики до официјално Скопје, неколку теми се однесуваат на политиката на Владата која го крена на нозе и досега Брисел и иницираше жестоки реакции. Законот за антидискриминација каде сексуалната ориентација е исфрлена, НАТО смета дека се создава хомофобична клима во Македонија.

v     Ерван Фуере„Тој мора да биде закон што навистина ќе промовира толеранција и ќе обезбеди ефикасна борба против дискриминацијата од сите видови“,

v     Симоне Филипи „Секако ќе беше најдобро доколку Македонија ги прифатеше „правилата на игра“ на ЕУ веднаш. Тоа правило е сексуалната ориентација да биде експлицитно наведена во законот за антидискриминација. За жал тоа не случај сега“, вели.

Но ако сите критикуваат, ние „знаеме најдобро“. Јас мислам дека повеќе од јасно е за што зборувам. Законот за антидискриминација треба да се донесе но во него МОРА да се вклучи и сексуалната ориентација како основ за дискриминација. Треба да се свестиме затоа што ако утре некого отпуштат од работа затоа што е хомоселсуалец е исто што и да ве отпуштат вас само затоа што имате вишок килограми или не изгледате доволно привлечно. Тоа е ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Билјана

Историја на хомосексуалноста

10.05.2010 | fallenangel

Историја на хомосексуалноста

Хомосексуалноста била евидентирана уште од времето на древните цивилизации и се среќава во секој историски период. Повеќето од вас кои барем малку се запознаени со историјата на хомосексуалноста, мислат дека корените на оваа појава се наоѓаат во Античка Грција каде хомосексуалноста е историски евидентирана и општествено призната. Но меѓутоа не постои континент во кој нема докази за постоењето на хомосексуалноста било преку литературата, уметноста и други историски артефакти, во сите нив се прикажани елементи на хомосексуално и бисексуално однесување уште од древни времиња.

Во Африка археолозите открија повеќе парчиња уметност во кои се отсликани односи помеѓу луѓе од ист пол. Во Египет се наоѓа и најпознатото парче наречено Khnumhotep и Niankhkhnum односно две машки во романтичен амбиент.

Хомосексуалното однесување е забележано и во Азија, вклучувајќи различни општества како што се Кина и Јапонија. Интересно е да се спомене дека во овие две средини хомосексуалните елементи во уметноста се среќаваат во високи политички објекти а и во манастирски средини. Во Грција хомосексуалците не се гледаа само како сексуална ориентација туку и од филозофски агол. Тие сметале дека мажите се поединци способни за комплексна филозофска мисла а двајца мажи можат да резултираат со покачени филозофски чувства на љубов, благодарност и почит.

Историја на правата на хомосексуалците

Во рамките на модерниот свет хомосексуалноста се гледа како психичко растројство или социјално растројство и како социјална причина или движење слично на феминизам или движењето за борба за граѓански права. Историјата на правата на хомосексуалците (како и историјата на хомофибијата во општеството) започнува од крајот на 30-тите и средината на 40-тите години кога неколку развиени западни народи се заложија за недискриминација на хомосексуалците. Голем број на психолошки здруженија како и медицински асоцијации придонесоа за хомосексуалците да ги добијат своите права со што целосно ги отфрлија од своите листи на болести или било какви психолошки нарушувања. Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години во повеќе развиени земји дискриминацијата на хомосексуалците на работни места и други арени беше строго забранета и казнлива.

Денес правата на хомосексуалците се значително зголемени но сепак има уште многу да се работи на и околу нив. Потребен е уште многу голем труд за да се допре до потсвеста на луѓето а посебно во нашава Македонија. Како мала земја ние не сме толку развиени како предтходните кои ги споменав а и луѓето кај нас имаат малку поограничен систем на размислување. Останува само да се надеваме дека со текот на времето и ние ќе се приклучиме кон модерното општество каде секој ќе може да ги користи своите права и слободи

Fallenangel

Теории на хомосексуалноста

08.05.2010 | fallenangel

Кога се зборува за хомосексуалноста најважно е да се испитаат сите теории поврзани со неа. Според научниците кои се занимаваат со оваа област постојат главно две теории на хомосексуалноста а тоа се психолошката и идеолошката теорија. Психолошката е таа која ја објаснува хомосексуалноста како сексуална ориентација а идеолошката е таа која оваа ориентација ја поткрепува преку средства за специфична идеологија и преку разни системи на верувања.

Психолошка теорија

Првата теорија прв ја разработил врвниот психолог Зигмунд Фројд. Тој ја опишува хомосексуалноста како посебно психичко растројство. Верувал дека постојат неколку фази на хомосексуалноста кои произлегуваат од нерешениот Едипов комплекс. Правел разлика помеѓу ексклузивна и не-обврзувачка хомосексуалност. Се обидувал да ја објасни појавата на хомосексуалноста како резултат на директни причини и ефекти т.е. како еден вид волја на самата индивидуа. Последователно на ова во 1973 години клиниките ја отстранија хомосексуалноста од својата листа на болести кои треба да се лечат. Денес постојат многу посовремени теории и сфаќања за оваа појава кои психологијата ги објаснува како креирање на сопствен идентитет.

Идеолошка теорија

Во изминатово време постоеле голем број на теории кои се обидувале да ја категоризираат хомосексуалноста како биолошка предиспозиција или пак растројство на личноста. Некои дури се обиделе да го поврзат развојот на мозокот со можноста да се стане хомосексуалец а други пак дека тоа е хомосексуална ориентација и сопствен избор. Според бројни анализи кои се направени постои голема можност хомосексуалец да се преобрази во хетеросексуалец и обратно што во старт го коси аргументот дека се работи за некоја генетска работа.

Се согласувам со фактот дека воспитувањето на деца уште како многу мали, со кого тие ќе се дружат и како ќе се социјализираат има големо влијание врз нивниот понатамошен живот, но тоа е нема никаква врска со генетиката. Денес постои посебна студија на теории која се занимава со овие прашања и е наречена ЛГБТ ( лезбејки, геј, бисексуалци, трансексуалци). За да дознаете повеќе за оваа студија посетете го линкот.

Fallenangel

Дозвола на хомосексуалците да посвојуваат деца..ДА или Не???

07.05.2010 | fallenangel

Дозвола на хомосексуалците да посвојуваат деца

ДА или НЕ??

Што мислите Вие? Дали на брачните двојки од ист пол треба да им се овозможи и ова право – да си посвојат дете кое ќе го одгледаат со многу љубов, од кое ќе направат нешто во животот, ќе му овозможат топол дом, добро образование и погодни услови за живот.. Или пак поради себичноста и суровоста на некои луѓе, подобро за децата би било да гнијат по домовите каде наместо родители ќе немаат никој кој би им бил навистина близок..

Ме интересира вашиот став во врска со ова прашање?

Мојот, се разбира, е дека треба и мора на овие луѓе да им се дозволи правото да си посвојуваат деца. Од никогаш не ми се допаѓал аргументот на многумина дека дете израснато во хомосексуална заедница ќе стане хомосексуалец. Ова е дури и смешно бидејќи кога би било вистинито хомосексуалците не би постоеле, затоа што хетеросексуалните бракови секогаш ќе резултирале со хетеросексуални деца.  Хомосексуалните бракови се нова работа , а посвојувањето на деца од страна на овие луѓе, уште понова и поконтроверзна тема. Најискрено ние како Македонија според мене сме многу далеку од оваа тема пред се, затоа што сме мала држава, секој сп секого се знае, и сеуште не се надминати предрасудите кои поголемиот дел од луѓето ги имаат за хомосексуалците. А во суштина треба да се разбере дека тие се само обични луѓе како и сите останати и не претставуваат никаква закана за децата затоа што родителите го учат детето дека може да избере само за кој пол ќе се одлучи а не да стане хомосексуалец.

Дали е подобро за децата да имаат топол дом и сигурна постела во која ќе си легнат, загарантиран оброк и поддршка или пак да бидат оставени сами на себе после 18-тата година, да спијат по улици и да живеат од денес за утре? Па до кога ќе продолжиме со ваквата суровост?

Многумина велат дека хомосексуалните бракови го намалуваат наталитетот на државата а уствари на кого му е гајле за наталитетот кога има милиони незгрижени деца по улиците кои чекаат на семејства.

Повторно ќе го спомнам британскиот музичар Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш кои сакаа да посвојат 14 месечно дете кое го запознаа на добротворниот концерт за деца без родители во Украина. Родителите на малиот Лев починале од сида , а тој е носител на ХИВ вирусот. Тие имаа проблеми во врска со оваа барање но не поради тоа што се хомосексуалци, туку поради фактот дека Елтон е престар да посвојува деца а законот е ист за сите. Поентата ми беше да ви ја доближам великодушноста на ваквите лица, тој има преголемо срце а е хомосексуалец, ова треба да им стане јасно на сите оние кои се полни со предрасуди за ваквите луѓе.

Сите ние имаме еднакви права, живееме под исто небо, не е етички ако некој користи повеќе од другиот!

Fallenangel