Дозвола на хомосексуалците да посвојуваат деца..ДА или Не???

fallenangel

Дозвола на хомосексуалците да посвојуваат деца

ДА или НЕ??

Што мислите Вие? Дали на брачните двојки од ист пол треба да им се овозможи и ова право – да си посвојат дете кое ќе го одгледаат со многу љубов, од кое ќе направат нешто во животот, ќе му овозможат топол дом, добро образование и погодни услови за живот.. Или пак поради себичноста и суровоста на некои луѓе, подобро за децата би било да гнијат по домовите каде наместо родители ќе немаат никој кој би им бил навистина близок..

Ме интересира вашиот став во врска со ова прашање?

Мојот, се разбира, е дека треба и мора на овие луѓе да им се дозволи правото да си посвојуваат деца. Од никогаш не ми се допаѓал аргументот на многумина дека дете израснато во хомосексуална заедница ќе стане хомосексуалец. Ова е дури и смешно бидејќи кога би било вистинито хомосексуалците не би постоеле, затоа што хетеросексуалните бракови секогаш ќе резултирале со хетеросексуални деца.  Хомосексуалните бракови се нова работа , а посвојувањето на деца од страна на овие луѓе, уште понова и поконтроверзна тема. Најискрено ние како Македонија според мене сме многу далеку од оваа тема пред се, затоа што сме мала држава, секој сп секого се знае, и сеуште не се надминати предрасудите кои поголемиот дел од луѓето ги имаат за хомосексуалците. А во суштина треба да се разбере дека тие се само обични луѓе како и сите останати и не претставуваат никаква закана за децата затоа што родителите го учат детето дека може да избере само за кој пол ќе се одлучи а не да стане хомосексуалец.

Дали е подобро за децата да имаат топол дом и сигурна постела во која ќе си легнат, загарантиран оброк и поддршка или пак да бидат оставени сами на себе после 18-тата година, да спијат по улици и да живеат од денес за утре? Па до кога ќе продолжиме со ваквата суровост?

Многумина велат дека хомосексуалните бракови го намалуваат наталитетот на државата а уствари на кого му е гајле за наталитетот кога има милиони незгрижени деца по улиците кои чекаат на семејства.

Повторно ќе го спомнам британскиот музичар Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш кои сакаа да посвојат 14 месечно дете кое го запознаа на добротворниот концерт за деца без родители во Украина. Родителите на малиот Лев починале од сида , а тој е носител на ХИВ вирусот. Тие имаа проблеми во врска со оваа барање но не поради тоа што се хомосексуалци, туку поради фактот дека Елтон е престар да посвојува деца а законот е ист за сите. Поентата ми беше да ви ја доближам великодушноста на ваквите лица, тој има преголемо срце а е хомосексуалец, ова треба да им стане јасно на сите оние кои се полни со предрасуди за ваквите луѓе.

Сите ние имаме еднакви права, живееме под исто небо, не е етички ако некој користи повеќе од другиот!

Fallenangel

5 Responses to “Дозвола на хомосексуалците да посвојуваат деца..ДА или Не???”

  1. realperson Says:

    Не би се согласила со тезата :хетеросексуалните бракови секогаш ќе резултирале со хетеросексуални деца…Напротив тоа не е секогаш така, постајат дефинитивно мн луѓе во светот кои се хомосексуалци и не се срамат да го признаат тоа ….Што мн ми е мило , тоа што луѓето не знаат да ги сфатат хомоскесуалците не значи дека тие немаат право на свој живот,своја интима,свои чувства…
    Со гордост ги поддржувам хомосексуалците, а воедно и “навивам” за заштита на правата на хомосексуалците и посвојувањето на деца од страна на истите.

  2. Marija Says:

    Sto e vazno dali deteto ke zivee vo homoseksualna ili vo heteroseksualna zaednica, vazno e samo da bide odgledano so mnogu ljubov i pravilno da se vospita…

  3. Мики Says:

    Хетеросексуалните бракови можеби не би резултирале со хетеросексулани деца, но хомосексуалните бракови сигурно би резултирале со деца хомосексуалци. Многу влијае средината во која живеат тие деца и со какви родители ке живее истото, не за џабе се рекло дете е слика (огледало) на секој родител. Realperson, ти како ги сваќаш хомосексуалците, и која е разликата помеѓу тебе и луѓето? Па и немаме потреба да ги сватиме, тоа е нивен живот, имаат право на своја интима и чуства 🙂 само немаат право да склучуваат бракови и да посвојуваат деца, а и не треба никогаш да им се дозволи. Нека не се мешаат во нормалните семејни вредности. Не велам дека хомосексуалноста е болест, но тоа не е нормално, затоа господ ги измислил мажот и жената.

  4. fallenangel Says:

    Miki spored tebe podobro e da ima kup nezgrizeni deca po ulicite od kolku da ziveat so roditeli homoseksualci? Dali e podobro da imaat siguren dom otkolku da ne znaat shto gi ceka utre? A i spored koja logika homoseksualnite brakovi ke rezultiraat so deca homoseksualci, koga za heteroseksualnite go kazuvash sprotivnoto? Ima milion primeri kade kade od homoseksualnite brakovi izleguvaat luge na mesto, a od heteroseksualnite obratnoto..Ne e bitno dali deteto ke zivee so dve majki ili pak so dvajca tatkovci, bitno e ispravno da se vospita so ljubov i da mu se stavi do znaenje za negovite covekovi prava, zatoa shto homoseksualcite ne se nishto pomalku od heteroseksualcite pa da nemozat da posvojuvaat deca i da sklucuvaat brakovi…

  5. Marija Says:

    Za homoseksualcite velis da ne se mesaat vo normalnite semejni vrednosti?Sto znaci ova? Deka tie ne se normalni? E ic ne se soglasuvam so tebe poznavam vakvi semejsva koi funkcioniraat mnogu dobro i se daleku podobri od normalnite , spored tebe, homoseksualni zaednici. Tocno e deka deteto uci od roditelite no ne i toa deka roditeli homoseksualci go ucat svoeto dete da bide nivna kopija, tie go ucat na slobodno pravo na izbor na nacin na koj ke si go ziveat zivotot

Leave a Reply