Историја на хомосексуалноста

fallenangel

Историја на хомосексуалноста

Хомосексуалноста била евидентирана уште од времето на древните цивилизации и се среќава во секој историски период. Повеќето од вас кои барем малку се запознаени со историјата на хомосексуалноста, мислат дека корените на оваа појава се наоѓаат во Античка Грција каде хомосексуалноста е историски евидентирана и општествено призната. Но меѓутоа не постои континент во кој нема докази за постоењето на хомосексуалноста било преку литературата, уметноста и други историски артефакти, во сите нив се прикажани елементи на хомосексуално и бисексуално однесување уште од древни времиња.

Во Африка археолозите открија повеќе парчиња уметност во кои се отсликани односи помеѓу луѓе од ист пол. Во Египет се наоѓа и најпознатото парче наречено Khnumhotep и Niankhkhnum односно две машки во романтичен амбиент.

Хомосексуалното однесување е забележано и во Азија, вклучувајќи различни општества како што се Кина и Јапонија. Интересно е да се спомене дека во овие две средини хомосексуалните елементи во уметноста се среќаваат во високи политички објекти а и во манастирски средини. Во Грција хомосексуалците не се гледаа само како сексуална ориентација туку и од филозофски агол. Тие сметале дека мажите се поединци способни за комплексна филозофска мисла а двајца мажи можат да резултираат со покачени филозофски чувства на љубов, благодарност и почит.

Историја на правата на хомосексуалците

Во рамките на модерниот свет хомосексуалноста се гледа како психичко растројство или социјално растројство и како социјална причина или движење слично на феминизам или движењето за борба за граѓански права. Историјата на правата на хомосексуалците (како и историјата на хомофибијата во општеството) започнува од крајот на 30-тите и средината на 40-тите години кога неколку развиени западни народи се заложија за недискриминација на хомосексуалците. Голем број на психолошки здруженија како и медицински асоцијации придонесоа за хомосексуалците да ги добијат своите права со што целосно ги отфрлија од своите листи на болести или било какви психолошки нарушувања. Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години во повеќе развиени земји дискриминацијата на хомосексуалците на работни места и други арени беше строго забранета и казнлива.

Денес правата на хомосексуалците се значително зголемени но сепак има уште многу да се работи на и околу нив. Потребен е уште многу голем труд за да се допре до потсвеста на луѓето а посебно во нашава Македонија. Како мала земја ние не сме толку развиени како предтходните кои ги споменав а и луѓето кај нас имаат малку поограничен систем на размислување. Останува само да се надеваме дека со текот на времето и ние ќе се приклучиме кон модерното општество каде секој ќе може да ги користи своите права и слободи

Fallenangel

Leave a Reply