Па добро на хомосексуалците и не им е така лошо

Билјана

На прашањето, дали сакате Македонија да влезе како полноправна членка во Европската унија?  како од пушка ќе кажете ДА. Верувам дека е така тргнувајќи од себе па понатака. Но искрено мислам дека не сме созреани доволно како држава пред се а и како народ нормално. Ние ја сакаме Европа ама сакаме и што ни одговара да прифаќаме а што ни е малку „солено“ ааааааа не почекајте малку. Па кој е Ерван Фуере па кој е Штефан Филе ма каква Европска комисија ние си знаеме подобро. Да објаснам за што станува збор.

Закон за антидискриминација. Ви звучи познато?

Значи минатиот месец по првичното одбивање на законот поднесен од страна на  опозицијата, по мало убедување владеачката партија реши да го изгласа владиниот предлог закон но со „мали измени“. Овие мали измени се однесуваат експлицитно на сексуалната ориентација како основ за дискриминација која не е вклучена во нацрт законот а што е безсмислено затоа што многу добро знаеме дека најдискриминирана група во Р. Македонија е токму хомосексуалната.

Значи ли тоа дека владата на Р.М ја претвора државата во хомофобична или наивно верува дека кај нас на хомосексуалците и не им е така лошо?

Општо земено законот не ги задоволува европските директиви каде што сексуалната ориентација е една од шесте клучни приоритетни основи за дискриминација меѓутоа жртви на овој закон нема да бидат само хомосексуалците затоа законот како што гледаме се користи како инструмент за поттикнување на дискриминација и хомофобија, наместо да биде тој инструмент кој што ќе спречи дискриминација и хомофобија. За жал жртви на овој закон не се само хомосексуалците и сексуалните малцинства, жртви се сите други маргинализирани групи кои што практично маргинализирани во самата дебата на законот.

Нормално следуваа остри критики од европските институции од меѓународните организации како и од дипломатијата овде во Македонија.

v     Европската комисија  кој преку официјален став се изјасни:

“Комисијата смета дека за да се исполнат барањата на ЕК, неодамна изгласаниот закон за антидикриминација ќе мора да се менува со цел вклучување на забраната за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација“Штефан Филе.

Тој исто така нагласи и дека сите земји членки го имаат усвоено законот по европски директиви нормално вклучувајќи ја и сексуалната ориентација како основ за дискримнинација. И објасни дека овој закон не се однесува на законот за семејства.

v     Потоа  НАТО  упатува остри критики до официјално Скопје, неколку теми се однесуваат на политиката на Владата која го крена на нозе и досега Брисел и иницираше жестоки реакции. Законот за антидискриминација каде сексуалната ориентација е исфрлена, НАТО смета дека се создава хомофобична клима во Македонија.

v     Ерван Фуере„Тој мора да биде закон што навистина ќе промовира толеранција и ќе обезбеди ефикасна борба против дискриминацијата од сите видови“,

v     Симоне Филипи „Секако ќе беше најдобро доколку Македонија ги прифатеше „правилата на игра“ на ЕУ веднаш. Тоа правило е сексуалната ориентација да биде експлицитно наведена во законот за антидискриминација. За жал тоа не случај сега“, вели.

Но ако сите критикуваат, ние „знаеме најдобро“. Јас мислам дека повеќе од јасно е за што зборувам. Законот за антидискриминација треба да се донесе но во него МОРА да се вклучи и сексуалната ориентација како основ за дискриминација. Треба да се свестиме затоа што ако утре некого отпуштат од работа затоа што е хомоселсуалец е исто што и да ве отпуштат вас само затоа што имате вишок килограми или не изгледате доволно привлечно. Тоа е ДИСКРИМИНАЦИЈА.

Билјана

Leave a Reply