Ден против хомофобијата

Билјана

Само напред.

Мене навистина ми е драго што малку од малку се мрдаме од мртва точка па што зборот хомосексуалност како и хомофобија се малку повеќе  застапени во нашите традиционални медиуми. А посебно ми е драго што има доволно храбри луѓе кои што излегуваат и јавно говорат за своите убедувања.

Така денешниот ден хомосексуалците го прославија денот против хомофобијата и јас ке речам само напред. Мал чекор но многу битен.

Не ми се допаѓа само интерпретацијата од некои медиуми кои на целиот настан му дадоа поинакво светло. Така коментарите од стилот „хомосексуалците на оние што не размислуваат како нив им залепија етикети“ или „тие на денот што го прогласија за свој само се жалат“ ми се неумесни.

Па нормално дека ќе се жалат, луѓето се дискриминирани. И кога сите можни партии и здруженија и асоцијации се жалат кај нас, зошто својот револт да не си го искажат и тие.

А што се однесува до изјавата на Господинот Драган Павловиќ Латас

дека хомосексуалноста е најголема закана за семејните вредности, би му порачала само дека семејни вредности кај нас скоро и да не постојат. А тоа не е поради хомосексуалноста туку поради стилот на живеење кај нас, што вклучува се повеќе време на работа и се помалку време за семејството што иницира оддалечување, девијантни однесувања и посегнување кон пороци.

Затоа ќе кажам уште еднаш браво за иницијативата и време редно е да се покажеме како зрела и модерна европска држава, за каква што веруваме и дека сме.

Билјана.

One Response to “Ден против хомофобијата”

  1. Мирослава Симоновска Says:

    Покрај тоа што ми се допаѓа размислувањето, не можам да издржам а да не ја прокоментирам десничарската „семејна“ идеологија на власта, која не само што е лоша маска зад која се хрие хомофобијата, туку веќе нема ни кредибилитет. Еве зошто: Кога една Србија, можеше да донесе закон против дискриминација во кој како експлицитна основа за дискриминирање влезе сексуалната ориентација, тогаш е и повеќе од очигледно дека се водела позитивна кампања од страна на властите. Само сетете се на вандалскиот, животински начин на кој хомоскесуалците во Србија беа млатени кога излегоа на протест да ги бранат своите права. Кај нас позитивна кампања нема, туку исклучиво се дава „аргументот“ за семејни вредности. Демек, половина свет што ја прифаќа другоста, нема семејни вредности?

    На крајот на краиштата, еден хомосексуалец, дури и да го дискриминирате, никогаш нема да го „преобратите“ во хетеросексуалец (за да машинира деца за сеопштите „семејни вредности“ на државата), туку само ќе му го ускратите правото на среќа.

    Поздрав и ја поддржувам вашата кауза!

Leave a Reply