Ајде да зборуваме за животните

Билјана

Хомосексуалноста како појава се разгледувала во минатото се разгледува и денес и мислам дека уште многу  време ќе биде доста актуелна тема. Некои ќе ја осудуваат прозивајќи се на разни генетски болести или библијата или моралот. Некои ќе ја поддржуваат и разбираат без да судат и да деградираат. Но како и да е таа постоела и ќе постои. Но сега јас би сакала да зборувам за нешто друго. Би сакала да го споменам фактот дека хомесексуалноста постои и кај животните.

Зошто е тоа така?

Сигурна сум дека вие ќе изнајдете добри одговори на ова прашање.

Така  од  3.000 проучувани животински видови, хомосексуалноста е забележана кај 450 животински видови. Ќе наведам само некои од нив.

Бонобо шимпанзo

Важејќи за најблиски живи роднини на луѓето, бонобо шимпанзата немаат ни срам ни перде во потрагата по сексуално задоволство. Безмалку сите од овие мирољубиви мајмуни се бисексуални и често ги решаваат конфликтите според принципот „води љубов, а не војна“. Околу две третини од хомосексуалните активности се меѓу женки.

Јапонски макаки

Женките макаки интензивно се врзуваат меѓусебно и остануваат моногамни. Мажјаците исто така се впуштаат во хомосексуални игри, но брзо го напуштаат партнерот или, што би рекле луѓето, практикуваат едновечерни авантури.

Американски бизон

Половото општење меѓу мажјаци е пофреквентно дури и од хетеросексуалните односи, особено затоа што женките се парат еднаш годишно. Во време на сезоната за парење, мажјаците се впуштаат во хомосексуални активности по неколку пати дневно. Над 55 проценти од сексот на младите мажјаци е со друг мажјак.

Делфини

Хомосексуални интеракции се јавуваат подеднакво често како хетеросексуалните кај овие морски цицачи. Мажјаците главно се бисексуални, но имаат периоди во кои се исклучиво хомосексуални. Хомосексуалните активности кај делфините подразбираат орален секс и триење на еректиран пенис од телото на партнерот.

Жирафи

Машките партнерства се многу чести кај овие цицачи со долги вратови. Сексуалните општења често им траат и по еден час. Според една студија, еден од 20 жирафи-мажјаци има хомосексуален однос во секој момент.

Антилопи

Во просек, женките се качуваат на други женки по два пати на час за време на сезоната на парење.

Црн лебед

Хомосексуалните двојки се со 20% застапеност. Често пати, двојки мажјаци се парат со женка, а кога таа ќе ги снесе јајцата, ја набркуваат и ги квачат. Во други случаи, едноставно набркуваат хетеросексуална двојка од гнездото и си ги усвојуваат јајцата.

Морж

Мажјаците достигнуваат полова зрелост на 4 години. До тогаш главно се впуштаат во хомосексуални односи. Постарите мажјаци главно се бисексуални и се парат со женки за време на сезоната, а општат со мажјаци во останатиот дел од годината.

Сив кит

Во една нормална оргија и по пет мажјаци се тркалаат низ водата и си ги тријат гениталиите еден од друг.

Гвајански карпест петел

Мажјаците кај овие прекрасни птици уживаат во хомосексуалните односи. Скоро 40 проценти од мажјаците се впуштаат во хомосексуални активности, а дел од нив никогаш не се парат со женки.

Заклучокот ќе ве оставам да го изведете самите. Јас само сакав да кажам дека животните не гледале на телевизија и оделе на геј паради или пак живееле во хомосексуални семејства а пројавуваат хомосексуални активности.

Leave a Reply