Што мислите за хомосекуалноста денес?????

fallenangel

Факт е дека оние кои се смеетаат за хомосексуалци сеуште се соочуваат со бројни стереотипи и предрасуди. Ние мислиме дека сме многу современи а уствари не сме ни малку од тоа. Кај нас не постои свеста која што не поврзува сите како луѓе, ако си малку различен од другите, можеш слободно да си рачунаш дека ке бидеш мета на најголеми озборувања и дека нема да бидеш прифатен. Тоа е нашиот уназаден менталитет, резултат на малограѓанството кое за жал не опкружува.

А јас пак сум се нашла тука паметна да зборувам за легализација на истополовите бракови..ехеее ние сме предалеку од тоа којзнае и дали јас ќе доживеам да видам такво нешто. Само една работа не ми била и никогаш нема да ми биде јасна во врска со тоа како се прифатени хомосексуалците..не разбирам што им сметаат тие на овие кои се рачунаат за нормални. Па уште и да се надоврзам на Билјана за “не прашувај, не кажувај” , како е можно хомосексуалците да бидат отфрлани од војската, дали тие не се доволно способни како нашите силни мажишта кои први бегаат кога ќе им згусне? Еве сега нешто Обама ветува дека овој статус за исфрлање на хомосексуалците од војската ќе го промени па ајде да видиме што ќе направи. Секако, ние како Македонија сме многу далеку од ова, овде не дај боже да признаеш дека си хомосексуалец е тогаш си навистина готов.

Само малку сакам да ве поттикнам да размислите, дали е фер и праведно ова што се случува кај нас? Дали ако си хомосексуалец не си способен за било каква работа како и сите останати, дали неможеш да правиш нормален муабет, да имаш пријатели како и сите, да излегувате да исти места? Мислите ли ако имате било каков проблем и на хомосексуалец му се обратите за помош дека нека да ве сослуша и да ви помогне? Само сакам да ви укажам на природноста на овие луѓе и колку тие се исти со другите и нема потреба за нивно отфрлање.

Повеќе пати ми се случило да бидам во друштво на хомосексуалци а да е го знаам тоа, просто да се изненадам од нивната пријатност и љубезност, и од после да дознаам дека не кажуваат во јавност дека се хомосексуалци само за да не ги гледаат со поинакви очи…дали е ова праведно според вас? Според мене ова е за жалење, ајде малу свеснете се да промениме нешто на подобро во оваа наша држава..

Fallen angel

One Response to “Што мислите за хомосекуалноста денес?????”

  1. Marija Says:

    Сања гледам дека ти е јасно како се одвиваат работите кај нас и до кој степен на затапеност сме дошле, целосно се согласувам со тебе и знам дека постојат многу луѓе кои го делат нашето мислење но н сакаат да се експонираат, баш за да не ги зезаат , па затоа викаат хомосексуалците се вакви или такви.. а тие се луѓе како и сите нас. Предлагам да се собереме појќе и да направиме нешто кое ќе биде видно за целата јавност со цел да се подигне свеста за анти дискриминација на хомосексуалците.поздрав

Leave a Reply