Кога може Хрватска можеме и ние

Билјана

Под мотото „Хрватска тоа може да го проголта“ неколку стотици хомосексуалци завчера (19.06.10) ја одржаа геј-парадата која помина успешно не земајќи ги во предвид малите инциденти јавија хрватските медиуми. Геј-парадата ја обезбедуваа околу 2оо полицајци и 25 полициски возила а истовремено со оваа веќе традиционална манифестација, на централниот плоштад во Загреб се одржа анти-геј протестот организиран од десничарската хрватска чиста партија на правото. Но како што знаеме геј парада без насилни хулигани не е геј парада, за жал, така и сега имаше помали изолирани инциденти. Полицијата сепак успеа да приведе тројца напаѓачи кои ја нападнаа поворката. Од организацискиот одбор на парадата велат дека се собрале помеѓу 500 и 800 луѓе и досега тоа е најголема бројка. Јас викам браво само напред и давам целосна подршка а писмо со подршка им испратил и претседателот Иво Јосиповиќ како и масовна поршка од културната јавност а отворено ги подржа и актерот Раде Шербеџија.

Учесниците парадирале со црвени каранфили, кои како што велат ги фрлиле кон тие што биле полни со омраза. А јас знам дека такви ги имало многу. Е сега само би кажала дека ова е позитивен чекор и надеж дека нештата се подобруваат. И би им порачала на хомосексуалците во Македонија да не се плашат да излезат од сенка па кога може Хрватска можеме и ние.

Leave a Reply