хомосексуалноста и филмот

Билјана

Хомосексуалноста сама по себе предизвикува бурни рекации,  негодувања, полемики и дилеми а овековечена на филм па тоа е фијаско. Многу луѓе не се чуствуваат пријатно да гледаат двајца мажи како се милуваат. Чуствуваат гадење,  непријатност, бес,  па дури и омраза. Но голем дел од истите тие немаат никаков проблем доколку гледаат две жени како го прават истото. За некои од нив самата помисла на две жени кои се милуваат, бакнуваат… им предизвикува романтични чуства и им ги разгорува сексуалните фантазии. За мене тоа е чиста лицемерност, но која сум јас да судам.

Овде сега сакам да разработам друга тема а тоа е хомосексуалноста и филмот.  Свесни сме дека хомосексуалноста е застапена во филмовите. На пример во доста популарната серија „Grey’s Anatomy“ во 5 сезона две докторки специјалистки развиваат страствена лезбиска врска. Мислам дека не „пречеа“ многу. Или најново во второто продолжение на филмот „Sexs and the sity“ најдобриот пријател на Кери (главната хероина ) ја имаше својата геј свадба од соништата. И многу други филмови од секаде низ светот, не само од Американска продукција, отворено ја прикажуваа хомосексуалноста. И сепак филмовите и сериите постигнаа голем успех. Тоа е доказ дека светот поготово западот полека но сигурно ги крши прангите на капитализмот.

Но што е со Македонија ?

На македонските телевизиски канали ретко можам да погледнам филм со хомосексуална содржина. Зашто е тоа така не сакам да навлегувам. Овде сакам да потенцирам дека сепак треба да и се оддаде почит, ако ништо друго барем за храброста, на македонската режисерка Софија Теодор,  за остварување на првиот  македонски хомосексуален  филм  „Јас знам дека ме сака“. Страст, љубов, секс, се дел од жешките лезбејски сцени во  филмот во кој мора да признаете е  нешто сосема ново на нашиот пазар. Во филмот глумат познатите актери Калина Наумовска, Викторија Анѓушева, Бошко Бозаџиски, Диме Илиев и Гоце Влахов додека сценариото е на Ева Камчевска, во продукција на Симона Тошкиќ.

Дејствието на филмот се одвива во Скопје, а во оваа урбана драма – снаата поради недостаток на внимание се заљубува во свекрвата. Снаата Сандра односно (Калина Наумовска) и свекрвата Лидија (Викторија Анѓушева) поради осаменост, започнуваат лезбејска врска, во која најзагрозен е зетот Бошко. Филмот веќе се прикажува во Варна, а во Септември игра на филмскиот фестивал Манаки во Битола. Освен на балканот филмот ќе се прикажува на повеќе геј фестивали во светот.

Ни останува да видиме само како ќе реагира македонската публика на филм од ваков карактер. Подолу може да видите и слика од сцена помеѓу снаата и свекрвата па може ќе ве заинтригира доволно за да го погледнете филмот.

Калина и Викторија во жешка лезбо сцена

Leave a Reply