Не прашувај, не кажувај

05.05.2010 | Билјана

Чепкајќи низ интернет страниците наидов на нешто што  ме заинтригира во најмала рака кажано. Неможам да се изначудам до каде може да оди човековата глупост. Имено во уставот на Соединетите Американски Држави стои законска одредба не прашувај, не кажувај. Навидум изгледа како некоја шега, но за 13.000 мажи и жени кои биле отпуштени од армиска служба поради својата сексуална ориентација верувам дека не им било воопшто смешно.

За што станува збор?

DADT (скратено од don’t ask, don’t tell) e вообичаен термин за законската одредба, донесена во 1993 година од страна на тогашниот претцедател Бил Клинтон, која делува рестриктивно на армијата на Соединтетите Американски Држави во поглед на напорите на геј учесниците да се декларираат јавно. Исто така оние кои веќе се декларирале како такви ги исфрла од служба. Рестрикциите се ополномоштени од страна на федералниот закон  Pub. L. 103- 106

Образложение за ваквиот чудесен закон е дека хомосексуалците доколку ги има во армијата би предизвикувале  неприфатлив ризик на моралот, добриот ред и дисциплина како и едниството во единицата, а тоа е суштината на функционирањето на армијата. Значи доколку сакаш да си дел и да служиш  во  армијата не смееш да се декларираш како хомосексуалец но не смееш исто така ни да ги подржуваш истите ниту пак да зборуваш јавно за било кои хомосексуални врски. А делот „Не прашувај“ се однесува на тоа дека претпоставените не треба да иницираат никаква истрага доколку нема некои недозволени однесувања од страна на војниците но исто така имаат право на истата доколку забележат јасни и веродостојни докази за постоење на хомосексуален акт.

Трагично но вистинито. Има многу сведоштва на војници кои биле исфрлени од служба поради тоа што не сакале да живеат во лага. http://www.365gay.com/news/from-the-frontlines-i-am-still-working-side-by-side-with-the-military/

Од тогаш па се до ден денес засегнатите се борат за укинување на и онака смешниот закон. Тие активно праќаат писма до сегашниот претцедател Барак Обама со молби и објаснувања кои се против овој закон.Надевајќи се дека дискриминацијата ке биде укината. Што ќе биде и дали претцедателот Барак Обама ќе ги послуша останува да видиме.

Билјана.

ОДОБРУВАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛНИТЕ БРАКОВИ И ВО МАКЕДОНИЈА

29.04.2010 | fallenangel

Дали хомосексуалците не се луѓе  како и сите останати?

Самата етика и морал кои треба да ги поседува секоја харизматична личност треба да ни наложат да не ги осудуваме оние кои се различни од нас. Хомосексуалноста е една од можните сексуални ориентации, кога една личност чувтсвува емотивна и сексуална привлечност кон лице од ист пол.  Се трудев со сите сили да ги разберам конзервативите од целиот свет, дури за миг се обидов да ги гледам нештата  од нивна перспектива, но никако не успеав да сфатам зошто некој ја загрозува нивната слобода?

Хомосексуалците своите права за прв пат почнаа да ги бараат во 1989 година кога хомосексуалните бракови беа признати во Данска. Норвешка постапи слично во 1933 година, потоа следеше Шведска во 1955 па Исланд во 1966 година.  Последователно на нив следеа признанија за хомосексуалните бракови од повеќе држави низ САД и Европа.

Со прашањето кое го поставив на самиот почеток во сите вас сакам да ја побудам човечноста, чувтсвото на грижа за другиот, среќата на другиот да ја креира и нашата среќа и намалување на себичноста. Кога повеќе луѓе би ме подржале може да им помогнеме на ваквите личности. Зошто и ние да не станеме една од земјите во светот кои ги разбираат потребите на другите. Основно правило е никогаш да не го критикуваме оној кој е различен од нас затоа што секој си има своја личност и различни интереси.

И луѓето со хомосексуална ориентација имаат преголемо срце, знам дека се повредени од оние кои ги етикетираат дури и како болни .  Тие не се заразни, тие со полни со љубов, пријателство, разбирање а тоа се човечки особини. Едно е сигурно хомосексуалноста не е болест.

Во светот постојат многу хомосексуални-двојки кои навистина постигнале нешто во животот на пример Елтон Џон. Откако се ожени со својот партнер и тоа јавно неговата слава не попушти, луѓето не престанаа да го сакаат и понатаму да ја слушаат неговата музика. Зошто и ние како Македонија не би се приклучиле кон современите размислувања ? Ваквите луѓе секојдневно се изложени на бројни предрасуди и голема дискриминација.  Зошто ние не би им помогнале да ја овековечат и легализираат нивната врска со брак?
Хомосексуалците отсекогаш постоеле и ќе постојат, со легализацијата на ваквите бракови ние само ќе придонесеме за нивната среќа и ќе направиме да се чувствуваат прифатени. На крајот и краиштата кои сме ние да им судиме, секој има право на сопствена среќа и секој на различен начин ги доживува работите. Тоа што претставува задоволство за мене не е задолжително и ти да го сакаш но барем прифати го.

Fallenangel

Како се прифатени хомосексуалците во Р.Македонија

29.04.2010 | realperson

Се поставува прашањето што всушност се хомосексуалците ?

…Тие се  луѓе кои имаат чувства, кои знаат да споделат радост и тага, кои знаат да сакаат.. Тие не се монструми, тие се луѓе исто така како и сите ние. Read the rest of this entry »

Хомосексуалноста како индивидуална ориентација

27.04.2010 | admin

Хомосексуалноста е сексуална привлечност кон лицата од истиот пол (синоними: двата пола-сексуална инверзија; според различни автори, варира меѓу машките 1-10% кај жените од 1 до 3%). Хомосексуалната ориентација не е ограничена  на одреден тип на луѓе. Геј мажи и лезбејки има на секоја возраст, култура, социјално опкружување, раса, религија и националност. Имаат различни професии и живеат на различни делови на светот. Доколку сакате да прочитате подетално можете овде

Иако е општо познато дека хомосексуалноста не е болест туку индивидуална ориентација која што настанала поради многу различни  влијанија (семејството, воспитувањето, средината) за кои сеуште се дебатира, сепак во нашава патријархална средина хомосексуалците се сметаат за болни луѓе и  наидуваат на голем отпор кој кулминира доста често и во физички пресметки.Морам да забележам дека се прават напори од одредени групи и здруженија но се е тоа маргинално од тоа до кој степен треба да се развие нашата свест и да прифатиме некого кој е различен од нас.

Познатиот српски невропсихијатар, прим.д-р Владимир Адамовиќ вели дека, во последниве децении, во својата пракса не сретнал хомосексуалец кој сака да се излечи од својата полова ориентација. Како да дознале дека во 1974 година, американското психијатарско здружение ја исфрлило хомосексуалноста од категоријата сексуални перверзии. Од таа година таа се нарекува едноставно „ сексуална ориентација од спротивниот пол“.

http://www.forum.zazabava.com/viewtopic.php?p=223446&sid=0479734986a503ff236452ef2d92f5a2

Сексуалната ориентација е една компонента на идентитетот на личноста, а се однесува на емоционалната, сексуалната, романтичната привлечност кон некое лице. Кај многу луѓе сексуалната ориентација се формира уште во раната фаза од развојот на детето и се појавува без постоење на било каква претходно сексуално искуство. Сексуалнота ориентација е дел  од сексуалниот идентитет на личноста и се разликува од сексуалното однесување што е насочено кон чуствата.

Секој треба да се води од сопствени чуства и верувања и никој нема право да му забрани ниту пак да му замери на некој друг да го прави истото, Сведоци сме на тоа како реагира светот на хомосексуалноста без предрасури. Како тие водат нормален па дури и успешен живот ( Елтон Џон, Џорџ Мајкл, Џејмс Дин) Тие се задоволни со тоа какви што се, и ние како демократско општество со модерни сваќања би требало да ги подржиме во нивните ставови верувања, убедувања и чуства. Треба да сме поотворени и да ги прифаќаме и оние работи кои не ни се познати па дури можеби и не ги разбираме, затоа што сигурно и ние самите ќе се најдеме во некоја слична ситуација каде што застапуваме некои верувања или ставови кои останатите не ги разбираат а ќе сакаме а можеби и бараме нивна подршка.Затоа апелирам како млад човек до останатите наши граѓани ако ништо друго за почеток барем да се обидат да не шират омраза и да се потрудат да ги согледаат работите од друг аспект да не се ограничуваат и никого да не осудуваат. Ако можат другите можеме и ние.