Posts Tagged ‘сексуална ориентација’

Хомосексуалноста како индивидуална ориентација

вторник, април 27th, 2010

Хомосексуалноста е сексуална привлечност кон лицата од истиот пол (синоними: двата пола-сексуална инверзија; според различни автори, варира меѓу машките 1-10% кај жените од 1 до 3%). Хомосексуалната ориентација не е ограничена  на одреден тип на луѓе. Геј мажи и лезбејки има на секоја возраст, култура, социјално опкружување, раса, религија и националност. Имаат различни професии и живеат на различни делови на светот. Доколку сакате да прочитате подетално можете овде

Иако е општо познато дека хомосексуалноста не е болест туку индивидуална ориентација која што настанала поради многу различни  влијанија (семејството, воспитувањето, средината) за кои сеуште се дебатира, сепак во нашава патријархална средина хомосексуалците се сметаат за болни луѓе и  наидуваат на голем отпор кој кулминира доста често и во физички пресметки.Морам да забележам дека се прават напори од одредени групи и здруженија но се е тоа маргинално од тоа до кој степен треба да се развие нашата свест и да прифатиме некого кој е различен од нас.

Познатиот српски невропсихијатар, прим.д-р Владимир Адамовиќ вели дека, во последниве децении, во својата пракса не сретнал хомосексуалец кој сака да се излечи од својата полова ориентација. Како да дознале дека во 1974 година, американското психијатарско здружение ја исфрлило хомосексуалноста од категоријата сексуални перверзии. Од таа година таа се нарекува едноставно „ сексуална ориентација од спротивниот пол“.

http://www.forum.zazabava.com/viewtopic.php?p=223446&sid=0479734986a503ff236452ef2d92f5a2

Сексуалната ориентација е една компонента на идентитетот на личноста, а се однесува на емоционалната, сексуалната, романтичната привлечност кон некое лице. Кај многу луѓе сексуалната ориентација се формира уште во раната фаза од развојот на детето и се појавува без постоење на било каква претходно сексуално искуство. Сексуалнота ориентација е дел  од сексуалниот идентитет на личноста и се разликува од сексуалното однесување што е насочено кон чуствата.

Секој треба да се води од сопствени чуства и верувања и никој нема право да му забрани ниту пак да му замери на некој друг да го прави истото, Сведоци сме на тоа како реагира светот на хомосексуалноста без предрасури. Како тие водат нормален па дури и успешен живот ( Елтон Џон, Џорџ Мајкл, Џејмс Дин) Тие се задоволни со тоа какви што се, и ние како демократско општество со модерни сваќања би требало да ги подржиме во нивните ставови верувања, убедувања и чуства. Треба да сме поотворени и да ги прифаќаме и оние работи кои не ни се познати па дури можеби и не ги разбираме, затоа што сигурно и ние самите ќе се најдеме во некоја слична ситуација каде што застапуваме некои верувања или ставови кои останатите не ги разбираат а ќе сакаме а можеби и бараме нивна подршка.Затоа апелирам како млад човек до останатите наши граѓани ако ништо друго за почеток барем да се обидат да не шират омраза и да се потрудат да ги согледаат работите од друг аспект да не се ограничуваат и никого да не осудуваат. Ако можат другите можеме и ние.